Јов 33:13-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Па зошто се препираш со Него? Тој не дава отчет ниту за едно од Своите дела.

14. Господ ни зборува нам еднаш и двапати, но човекот не обрнува внимание на тоа.

15. Во соништата, во ноќните виденија, кога длабок сон ги совладува луѓето и додека сонуваат цврсто на леглата,

16. тогаш Тој му зборува на увото на човекот, и го плаши со морничави привиди,

17. за да го одврати од неговите дела, да ја обори гордоста во човекот,

18. да ја спаси неговата душа од јамата и неговиот живот да не падне од меч.

19. Тој го кара, на леглото, со болест, кога коските му се тресат непрекратно.

20. Кога лебот му се гади на неговиот живот и најдоброто јадење на неговата душа.

21. Кога неговото тело гине очигледно и му се гледаат оголените коски.

22. Кога душата му се приближува до гробот, а неговиот живот кон гласниците на смртта.

23. Тогаш, ако не се најде ангел покрај него, еден посредник меѓу илјада, за да го спомени човекот на должноста,

Јов 33