Јов 32:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Додека тие разговараа со Јова, Елиу молчеше, зашто тие беа постари од него.

5. Ама кога виде дека оние три мажи немаа веќе одговор во устата, пламна со гнев.

6. И проговорувајќи, Елиу, Варахиловиот син од Вуза рече: „Јас сум уште млад според своите години, а вие навлеговте во длабока старост; затоа јас се воздржав страшливо да го покажам своето знаење пред вас.

7. Мислев во себе: „Староста ќе зборува, многуте години ќе ја покажат мудроста.”

8. Навистина, има дух во човекот, здивот на Сèдржителот го прави разумен.

Јов 32