Јов 32:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Оние три човека прекратија да му одговараат на Јова, зашто тој се сметаше невин.

2. Тогаш се налути Елиу, Варахиловиот син, од Вуза, од Арамовото племе: пламна со гнев против Јов, бидејќи се сметаше за праведен пред Бога.

3. А пламна со гнев и против трите негови пријатели, зошто не најдоа веќе ништо што да му одговорат, па така го осудија Јова.

Јов 32