Јов 30:25-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Не плачев ли за страдалниците, не се ли сожали мојата душа за сиромашниот?

26. Се надевав на среќата, а дојде несреќата; ја чекав светлината, а, ете, темнина ме зави.

27. Утробата врие во мене непрекратно, ми донесува нови страдања, секој ден.

28. Одам поцрнет, но никој не ме теши; Станувам во собранието - за да извикам.

29. Станав брат на шакалите и им станав другар на ноевите.

30. Сета кожа поцрне на мене, и оган ми ги изгоре коските.

31. Мојата харфа се претвори во тажачка, а мојата свирка има глас на тажачи.

Јов 30