19. Малиот лежи таму заедно со големиот, робот е слободен од својот господар.
20. Зошто да му се подари видело на несреќникот и живот на луѓето со загорчена душа,
21. кои ја бараат смртта, а таа не доаѓа и копаат по неа како по богатство?
22. Тие ќе се радуваат и ќе воскликнуваат од среќа кога би го нашле својот гроб.
23. Зошто му е тоа на човекот, чиј пат е скриен, кого Бог го заградил од сите страни.
24. Затоа гледајќи храна, треба да воздивнам, моите крици се разлеваат како вода.