Јов 29:19-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Моите корења се простираат до водата, росата почива на моите гранки.

20. Мојата слава ќе се подмладува секогаш, и лакот ќе се обновува во мојата рака.

21. Слушаа желно што ќе им кажам, и молчеа за да чујат совет од мене.

22. Ништо не додаваа на моите зборови, и моите беседи капеа како дожд врз нив.

23. Тие копнееја по мене како по дожд, отвораа уста како за летен пороен дожд.

24. Мојата насмевка им беше охрабрување; внимаваа на ведроста на моето лице.

25. Јас им ги избирав патиштата, јас ги предводував како поглавар, како цар кога е среде своите чети, како оној кој ги теши јадосаните.

Јов 29