Јов 28:24-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Зашто со поглед ги опфаќа границите на земјата и забележува сè под небесниот свод.

25. Кога сакаше да му одреди тежина на ветерот и со мерилка да ја измери сета вода,

26. кога му наметна закони на дождот и патишта на громовните облаци,

27. тогаш ја виде и ја измери, ја зацврсти и ја испита до дното.

28. А потоа му рече на човекот: „Стравот од Господа - ете што е мудрост, „Отстранувај се од злото” - тоа ти е разумност.”

Јов 28