Јов 28:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот?

21. Скриена е за очите на сите живи, таа им избегнува на небесните птици.

22. Пеколната пропаст и смртта изјавуваат: „Ние само чувме за нејзината слава.”

23. Единствено Господ го разбира нејзиниот пат, единствено Тој знае каде се наоѓа.

Јов 28