Јов 28:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Да, среброто има свое наоѓалиште, а златото место каде се прочистува.

2. Железната руда се вади од земјата, а од камена рудница се топи бакар.

3. Луѓето и поставуваат граница на темнината и копаат до најголемите длабочини, по камен закопан во мрак.

4. Далеку во туѓина длаби ровови, до кои не допира човечката нога, виси, нишајќи се, далеку од луѓето.

Јов 28