1. Јов ја продолжи својата беседа и рече:
2. „Жив е Бог, Кој ми ја скратува правдата, и Сèдржителот, Кој ми ја огорчи душата.
3. Сè додека мојот дух е уште во мене, додека Божјиот здив биде во моите носалки,
4. Моите усни нема да изустат зло, ниту некаква лага ќе дојде на мојот јазик.
5. Далеку од мене да ве оправдам, својата невиност ќе ја бранам до последниот здив.