Јов 26:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „Колку добро знаеш да му помогнеш на немоќниот и да ја потпреш изнемоштената мишка!

3. Колку добар совет му даваш на неукиот; навистина покажа преголема мудрост.

4. Кому му ги упати овие зборови и кој дух зборуваше од тебе?”

5. Мртвите пред Бога, треперат долу под земјата, морските води се тресат и нивните чудовишта.

6. Пред Неговото око Шеолот зее откриен, и бездната на смртта нема превез на себе.

7. Тој го оптегнува Северот врз празнината, Тој ја држи земјата, необесена на ништо.

8. Тој ја затворува водата во Своите облаци, но облаците не се скинуваат под неа.

Јов 26