Јов 26:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. На небесниот свод се потресуваат столбовите и премираат од страв, кога Тој се заканува.

12. Тој го скроти морето со Својата сила и го сотре со мудрост чудовиштето Рахав.

13. Со својот Дух ги украси небесата, а Неговата рака ја прободе брзата змија.

14. Сè тоа е само дел од Неговите дела, од кои ние за Него слушаме слабо. Но кој може да го сфати громот на Неговата сила?”

Јов 26