Јов 24:7-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Голите немаат облека ноќе, ни покривка против студот.

8. Тие киснат од планинските поројни дождови; без засолниште, се долепуваат до карпата.

9. Го оттгргнуваат сиракот од градата, земаат во залог дете од бедниот.

10. Одат голи, немаат облека; изгладнети, носат туѓи снопови.

11. Кои цедат масло меѓу ѕидовите; жедни, газат во каците.

12. Луѓето на умирање офкаат низ градовите, и душите на ранетите викаат за помош, но Бог се оглушува на сè тоа.

13. Има такви, кои ја мразат светлината: не ги признаваат нејзините патишта, ниту се придржуваат до нејзините патеки.

14. Убиецот се крева во мракот, ги коле бедниот и сиромашниот.

15. Окото на прељубникот копнее за примрак: „Никој нема да ме види,” вели тој и го прекрива своето лице со превез.

16. Во темнината ги пробива куќите, оние куќи, кои ги забележал дење. Тие не сакаат да знаат за светлина.

17. Зората им е како смртна сенка: штом зазори силен страв ги фаќа.

Јов 24