4. Ги тераат бедните од патот; се кријат бедните на земјата.
5. Како диви ослици во пустината рано одат да заграбат плен: пустината им ги храни децата.
6. Тие собираат во туѓа нива, го берат лозјето на опакиот.
7. Голите немаат облека ноќе, ни покривка против студот.
8. Тие киснат од планинските поројни дождови; без засолниште, се долепуваат до карпата.
9. Го оттгргнуваат сиракот од градата, земаат во залог дете од бедниот.
10. Одат голи, немаат облека; изгладнети, носат туѓи снопови.
11. Кои цедат масло меѓу ѕидовите; жедни, газат во каците.