Јов 24:17-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Зората им е како смртна сенка: штом зазори силен страв ги фаќа.

18. Тој е побрз од водите, избегнувајќи го патот преку лозјата, неговите имоти се проколнати во земјата.

19. Како што горештината и жегата го впиваат снегот, така и Подземјето ги проголтува грешниците.

20. Крилото што го роди го заборави, неговото име не се спомнува веќе; неправдата е скршена како стебло.

21. Тој измачуваше жена неротка, не и стори добро на вдовицата.

22. Но оној што силно ги фаќа насилниците, станува, а за нив гасне сета надеж.

23. Му даде сигурност, и тој се надева; со окото ги надгледуваше неговите патеки.

24. Се воздигнаа за малку, а тогаш исчезнаа, се рушат и изгниваат како сите други, пресечени како главите на класовите.

25. Не е ли така? Кој ќе ме изобличи во лага? Кој може да ги поништи моите зборови.

Јов 24