Јов 24:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Зошто времињата не се скриени од Семоќниот, а верниците не ги видуваат Неговите денови?

2. Безбожниците ги преместуваат меѓите, ограбуваат стадо и го пасат.

3. Им го одведуваат ослето на сирачето, го земаат во залог волот на вдовицата.

4. Ги тераат бедните од патот; се кријат бедните на земјата.

5. Како диви ослици во пустината рано одат да заграбат плен: пустината им ги храни децата.

6. Тие собираат во туѓа нива, го берат лозјето на опакиот.

7. Голите немаат облека ноќе, ни покривка против студот.

8. Тие киснат од планинските поројни дождови; без засолниште, се долепуваат до карпата.

9. Го оттгргнуваат сиракот од градата, земаат во залог дете од бедниот.

Јов 24