6. Земаше залози од браќата за ништо, соблекуваше облеки од голи луѓе.
7. Ти не го напои со вода жедниот, им го скратуваше лебот на гладните;
8. на силниот човек ти му даваше земја, и угледниот се насели на неа.
9. Ти ги пушташе вдовиците без ништо а сирачињата ги оставаше со празни раце.
10. Ете, зашто те обиколуваат сега стапиците, зашто те измачуваат ненадејни стравови.
11. Светлината ти стана мрак, и ништо не гледаш, длабоки води те потопија тебе.
12. Зар Бог не е во небесната висина и зар Тој не им го гледа темето на ѕвездите?
13. Но ти велиш: „Што може Бог да знае? Зар може да суди низ темен облак?
14. Облаците го засолнуваат неговиот поглед, и Тој оди по сводот на небесниот круг.”