18. А Тој им го полнеше домот со блага, но советот на нечесните да биде далеку од мене.
19. Праведниците гледаат и се радуваат непорочните им се потсмевнуваат:
20. „Ете, пропаднаа нашите противници, она што остана од нив, огнот им го проголта!”
21. Спријатели се ти и смири се со Бога, и пак ќе ти биде вратено доброто.
22. Впрочем, прифати го законот од Неговата уста, посади го Неговото слово во своето срце.
23. Ако се вратиш покаен кон Семоќниот, ќе бидеш утврден наново; и ако ја отстраниш неправдата од својот шатор.
24. Тогаш ќе го отфрлиш златото во прав и офирското злато меѓу поточните камчиња.
25. Семоќниот ќе стане твое чисто злато, Тој ќе биде светливо сребро за тебе.
26. Да, Сèдржителот ќе биде твоја радост, и ќе го издигаш лицето кон Бога.
27. Ќе Му се молиш, и ќе те послуша, ќе ги исполниш своите ветувања.
28. Што и да преземеш, сè ќе ти успее, и светлина ќе ги осветлува твоите патишта.
29. Зашто, Тој ја понижува гордоста на гордите, додека им притекнува на помош на оние, што имаа смирени очи.
30. Тој го избавува невиниот од неволја, и тебе ќе те спаси чистотата на твоите раце.”