Јов 22:12-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Зар Бог не е во небесната висина и зар Тој не им го гледа темето на ѕвездите?

13. Но ти велиш: „Што може Бог да знае? Зар може да суди низ темен облак?

14. Облаците го засолнуваат неговиот поглед, и Тој оди по сводот на небесниот круг.”

15. Имаш ли намера да се држиш до стариот пат, по кој одеа неправедните луѓе?

16. Тие исчезнаа пред време, пороите им ги однесоа основите.

17. Му зборуваа на Бога: „Остави нè нас! што може Сèдржителот да ни стори?”

18. А Тој им го полнеше домот со блага, но советот на нечесните да биде далеку од мене.

19. Праведниците гледаат и се радуваат непорочните им се потсмевнуваат:

20. „Ете, пропаднаа нашите противници, она што остана од нив, огнот им го проголта!”

21. Спријатели се ти и смири се со Бога, и пак ќе ти биде вратено доброто.

22. Впрочем, прифати го законот од Неговата уста, посади го Неговото слово во своето срце.

23. Ако се вратиш покаен кон Семоќниот, ќе бидеш утврден наново; и ако ја отстраниш неправдата од својот шатор.

24. Тогаш ќе го отфрлиш златото во прав и офирското злато меѓу поточните камчиња.

Јов 22