1. Тогаш Теманецот Елифаз проговори и рече:
2. „Зар човек може да Му биде полезен на Бога? Па кој е мудар, може да биде полезен на себеси.
3. Зар е милост за Семоќниот ако си праведен, и зар има полза ако си непорочен?
4. Или те кара заради твојата побожност и затоа сака да се суди со тебе?
5. Не е ли тоа заради твојата преголема злоба и заради беззаконијата, на кои не им има број?
6. Земаше залози од браќата за ништо, соблекуваше облеки од голи луѓе.
7. Ти не го напои со вода жедниот, им го скратуваше лебот на гладните;
8. на силниот човек ти му даваше земја, и угледниот се насели на неа.