Јов 22:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Теманецот Елифаз проговори и рече:

2. „Зар човек може да Му биде полезен на Бога? Па кој е мудар, може да биде полезен на себеси.

3. Зар е милост за Семоќниот ако си праведен, и зар има полза ако си непорочен?

4. Или те кара заради твојата побожност и затоа сака да се суди со тебе?

5. Не е ли тоа заради твојата преголема злоба и заради беззаконијата, на кои не им има број?

Јов 22