Јов 21:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Зар мојот збор е кон човек? Како тогаш да не бидам малодушен?

5. Погледнете на мене: ужас ќе ве опфати, со раката ќе ја засолнете својата уста;

6. штом наумам за тоа, се исплашувам и самиот, и трпки го обземаат сето мое тело.

7. Зошто нечесните остануваат во живот и колку се постари, толку посилни стануваат?

8. Нивните деца напредуваат со нив, а нивните внуци се множат пред нивните очи.

9. Никаков страв не ги мори нивните куќи и Божјата прачка ги остава на мир.

Јов 21