26. Обајцата лежат заедно во прав, и црвите ги покриваат.
27. О, знам добро какви се вашите намери, какви зла замислувате вие против мене.
28. Зошто прашувате: „Каде е куќата на кнезот, шаторот - во кој живееја беззакониците?”
29. Не ги прашавте ли патниците на патот, зар нивното сведоштво не го примате:
30. „дека нечесниот е поштеден во денот на гибелта, а во денот на Божјиот гнев ќе биде одведен на страна.”
31. Но кој ќе му префрли на неговите постапки и кој ќе му врати за она што сторил?
32. А кога на крај ќе го однесат на гробишта, поставуваат стража на неговата гробница.
33. Лесни му се грутките на земјата во долината, додека целото население оди по него, а на оние кои одат пред него им нема број.
34. О како се празни вашите утехи, каква измама се вашите одговори!”