Јов 21:23-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Еден умира во полна благосостојба, без никакви грижи, во потполн мир,

24. со слабини здебелени од мрсно и со коски преполни со мозок.

25. А други умираат со горчина во душата, не вкусувајќи никогаш никакво добро.

26. Обајцата лежат заедно во прав, и црвите ги покриваат.

27. О, знам добро какви се вашите намери, какви зла замислувате вие против мене.

28. Зошто прашувате: „Каде е куќата на кнезот, шаторот - во кој живееја беззакониците?”

29. Не ги прашавте ли патниците на патот, зар нивното сведоштво не го примате:

30. „дека нечесниот е поштеден во денот на гибелта, а во денот на Божјиот гнев ќе биде одведен на страна.”

31. Но кој ќе му префрли на неговите постапки и кој ќе му врати за она што сторил?

32. А кога на крај ќе го однесат на гробишта, поставуваат стража на неговата гробница.

33. Лесни му се грутките на земјата во долината, додека целото население оди по него, а на оние кои одат пред него им нема број.

Јов 21