4. Зар тебе не ти е познато од старо време, од кога е поставен човекот на земјата,
5. дека е кратковремена радоста на нечесниот, дека среќата на безбожникот поминува како миг?
6. Макар со растот да порасте и до небото, а неговата глава да допре до облаците,
7. тој исчезнува засекогаш како призрак. Кои го видоа велат: „Каде е сега тој?”
8. Тој се расплинува како сон без трага, исчезнува како ноќен привид.
9. Ниедно око нема веќе да го гледа, ниту неговото место ќе го види.
10. Бедните ќе ги гонат неговите деца: со своите раце ќе си го вратат имотот.
11. Неговите коски беа бујни со младост, ете, тие лежат во правот.
12. Злото и беше слатко на неговата уста, па го криеше под својот јазик;
13. се насладуваше внимавајќи да не го голтне, и го задржуваше под своето непце.
14. Но таа храна му гние во утробата, змиски отров станува во цревата.
15. Проголтаното богатство треба да го изблува. Бог ќе го истера од неговата утроба.
16. Цицаше отров од змиска глава: сега умира од јазикот на отровницата.
17. Тој веќе нема да гледа потоци со масло, ниту ќе види како мед и млеко течат по реката.
18. Ќе ја врати печалбата, без да вкуси од неа, нема да ужива во плодот на трговијата.
19. Зашто сиромаштијата ја тапчеше и ја угнетуваше, одземаше куќи што не ги изградил,