Јов 20:26-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Сите темнини го чекаат молкум него. Го уништува оган, незапален од некого, и голта сè под неговиот шатор.

27. Ете, небото го открива неговото беззаконие и сета земја се крева против него.

28. Богатството на домот ќе му исчезне, ќе го расфрлат во денот на Божјиот гнев.

29. Бог им приготвува таква судбина на злосторниците и Тој му досудува такво наследство.”

Јов 20