Јов 20:23-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. И додека го полни со храна својот желудник, Бог ќе ја пушти на него јароста на Својот гнев, ќе истури дожд врз него додека сè уште јаде.

24. Ако и му избега на железното оружје, бронзен лак ќе го прониже со стрела.

25. Ќе ја извлечеше стрелата, но таа му ги проби плеќите, а блескавиот врв стрчи од неговата жолчка, каде и да тргне, го дебнат трепети,

26. Сите темнини го чекаат молкум него. Го уништува оган, незапален од некого, и голта сè под неговиот шатор.

27. Ете, небото го открива неговото беззаконие и сета земја се крева против него.

28. Богатството на домот ќе му исчезне, ќе го расфрлат во денот на Божјиот гнев.

29. Бог им приготвува таква судбина на злосторниците и Тој му досудува такво наследство.”

Јов 20