Јов 20:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Неговите коски беа бујни со младост, ете, тие лежат во правот.

12. Злото и беше слатко на неговата уста, па го криеше под својот јазик;

13. се насладуваше внимавајќи да не го голтне, и го задржуваше под своето непце.

14. Но таа храна му гние во утробата, змиски отров станува во цревата.

15. Проголтаното богатство треба да го изблува. Бог ќе го истера од неговата утроба.

Јов 20