Јов 19:19-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Им станав омразен на најблиските пријатели, против мене се оние кои ги љубев.

20. Коските ми се прилепени за кожата и телото, и ми остана само кожа околу забите.

21. Смилувајте ми се, пријатели мои, зашто Божјата рака ме удри.

22. Зошто ме гоните како Самиот Бог, зар не се наситивте со моето тело?

23. О кога би биле запишани моите зборови и кога би биле нацртани во книга;

24. да можат да бидат издлабени, со железно длето и олово, во карпа, за вечен спомен.

25. Јас знам добро: мојот Избавител живее и Тој во последно време ќе застане над земјата.

26. А кога мојата кожа се раскине, тогаш знам, во своето тело ќе го видам Бога.

27. Јас ќе го гледам Него како свој, моите очи ќе го гледат, а не некој друг: моето срце во градите, копнее по Него.

28. Кога ќе речете: „Како ќе го гониме? Која причина ќе ја најдеме кога коренот се наоѓа во него?”

29. Бојте се тогаш од меч мечот е казна за грев. Тогаш ќе сознаете дека има суд!”

Јов 19