6. На сите народи им станав за потсмев, оној - кому секој може да му плукне во лицето.
7. Од тага видот ми се помрачува во очите, моите делови на телото стануваат како сенка.
8. Заради тоа праведниците ќе се зачудат, чесните ќе избувнат против безбожниците;
9. непорочните ќе истраат во својот пат, човекот со чисти раце ќе зајакне уште повеќе.
10. Ајде, сите вие, нема ли да почнете пак, па меѓу вас не наоѓам мудар!