Јов 17:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. „Во најцрната ноќ, денот наближува; веќе е близу светлината до темнината.”

13. А мене ми е надеж да отидам во гробот и да си постелам легло во темнина.

14. Извикав кон распадливоста: „Ти си мој татко!” и кон црвите: „Вие сте ми мајка и сестра!”

15. Ама каде има уште надеж за мене? Кој ќе ја види мојата среќа некогаш?

16. Таа ќе слезе со мене во гробот, да се одмориме заедно во правот.”

Јов 17