3. Зар ги отвораш очите врз таков и го изведуваш на суд пред Тебе?
4. Кој ќе извлече чисто од нечисто? Никој!
5. Зашто неговите денови се доброени, од Тебе зависи бројот на неговите месеци, кога му поставуваш непреминлива граница.
6. Симни го од него погледот за да може да почине, како наемникот што го довршува својот ден.
7. Па ни на дрвото не му пропадна сета надеж, пресечено, тоа пак раззеленува и нови младици никнуваат од него.