Јов 14:17-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. го запечати мојот престап во вреќа и ја криеш сета моја вина.

18. Навистина! Како што еднаш се урна планината, како што стената се одмести од своето место,

19. како што водата со време, го рони каменот, а поројниот дожд со буица ја испира сета земја, така ја уништуваш надежта во човекот.

20. Го притеснуваш - тој си оди засекогаш со изменето лице, го испраќаш.

21. Му ги почитуваат децата - за тоа ништо не знае; ако се презрени не размислува за тоа.

22. Тој единствено страда заради своето тело, тој единствено тагува заради својот живот.”

Јов 14