Јов 13:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Јас го видов сè тоа со своите очи, чув со своите уши и разбрав.

2. Сè што знаете вие тоа го знам и јас, во ништо не сум полош од вас.

3. Затоа, треба да зборувам со Сèдржителот, да ја изложам својата причина пред Бога.

4. Зашто, вие сте вистински ковачи на лагата и вие сте сите напразни лекари!

5. Кога бисте знаеле да молчите, ќе ја покажевте својата мудрост!

Јов 13