7. Можеш ли да проникнеш во Божјите длабочини? Можеш ли да го доловиш совршенството на Сèдржителот?
8. Повисоко е од небото: уште што да сториш? Подлабоко е од Шеолот: уште што да мудруваш?
9. Подолго е од земјата - пошироко е од морето!
10. Ако се повлече, ако те гребне, ако те предаде на суд, кој ќе Му брани?
11. Зашто Тој ја знае суетата на луѓето, ја гледа нечесноста и нема ли да внимава?
12. Но горделивиот човек е лишен од разум, и човекот се раѓа како диво осле.
13. Ако ти го исправиш своето срце и ги испружиш своите раце кон Него,
14. ако го отфрлиш лошото од рацете и ако не му дадеш простор на злото во својот шатор,
15. тогаш ќе можеш да издигнеш чисто чело, ќе бидеш цврст и не ќе се боиш.
16. Не ќе си спомнуваш веќе за своите искушенија, како ни за водата што истече.