5. Зар Твоите денови се како деновите на смртникот, а Твоите години како човечкиот век?
6. Заради што ја истражуваш мојата вина, и сакаш да ги разоткриеш моите гревови,
7. кога знаеш добро дека сум невин, дека не можам да и избегам на Твојата рака?
8. Твоите раце ме обликуваа, ме создадоа совршено, зошто сега пак да ме сосипеш?
9. Спомни си, ме создаде како глина и ќе ме вратиш повторно во прав.
10. Не ме излеа ли мене како млеко, и направи да се потсирам како сирење?
11. Ме облече со кожа и месо, ме сплете со коски и жили.
12. Со милост ми го подари животот, внимателно бдееше над мојот здив.