10. Не ме излеа ли мене како млеко, и направи да се потсирам како сирење?
11. Ме облече со кожа и месо, ме сплете со коски и жили.
12. Со милост ми го подари животот, внимателно бдееше над мојот здив.
13. Но во Своето срце го скри ова, знам дека тоа беше Твој наум:
14. да внимаваш будно дали ќе згрешам и да не ми помине гревот без казна.
15. Ако сум грешен, тогаш тешко мене, ако сум прав, главата не смеам да ја поткренам - полн со срам, напоен со несреќа!