Јов 10:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Штом на мојата душа животот и се смачи; нека потече слободно мојата тажачка, ќе зборувам со горчината на својата душа.

2. Ќе Му речам на Бога: „Не ме осудувај!” Кажи ми зошто се препираш со мене?

3. Па што имаш од тоа да ме угнетуваш, да го зафрлиш делото на Своите раце, да им помагаш на намерите на нечесните?

4. Дали се во Тебе телесни очи? Зар Ти гледаш како што гледа човекот?

Јов 10