Јов 1:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Еден ден дојдоа Божјите синови да застанат пред Бога, а меѓу нив пристапи и Сатаната.

7. Тогаш Господ го праша Сатаната: „Од каде доаѓаш?”- „Еве поминав низ земјата и ја обиколив,” одговори тој.

8. Потоа Господ рече: „Дали го забележа мојот слуга Јов? Нему никој не му е рамен на земјата. Тоа е непорочен и праведен човек, се бои од Бога и се отстранува од злото!”

9. А Сатаната Му одговори на Господа: „Зар Јов се бои напразно од Бога?

10. Зар не ги загради него, неговиот дом и сиот негов имот? Го благослови делото на неговите раце, имотот му се умножи на земјата.

11. Ама испружи ја еднаш раката и допри во сè што има: ќе Те проколне во лице!”

12. „Нека ти биде! - му рече Господ на Сатаната. - Прави што сакаш со сè што има; само не кревај ја својата рака врз него.” И Сатаната отиде од пред Господовото лице.

Јов 1