1. Тогаш Јона се помоли на Господа, својот Бог, од рибината утроба.
2. Тој рече: Во својата неволја извикав кон Господа и Тој ме послуша; извикав од утробата на Подземјето, и Ти ми го чу гласот.
3. Ти ме фрли во длабочината, во срцето на морето, и водата ме опкружи. Сите Твои поплави и бранови минаа преку мене.
4. Реков: ‘Отфрлен сум од пред Твоите очи. Но сепак ќе погледнам повторно кон Твојот свет храм.’