4. „И вие, Тире и Сидоне, што сакате од Мене? И вие филистејски цареви? Сакате ли да ми се одмаздите? Ако Ми се одмаздувате Мене одмаздата ќе падне бргу на вашите глави.
5. На вас што ми го одзедовте среброто и златото, што ги однесовте Моите богати ризници во вашите храмови,
6. на вас кои им ги продававте на Грците, синовите на Јуда и на Ерусалим за да ги истерате од нивната родина.
7. Ете, Јас ќе ги подигнам од местото, каде и да ги продадовте, и ќе направам вашето злосторство да падне на главите ваши.
8. Ќе им ги продадам вашите синови и ќерки на Јудините синови, а тие ќе им ги продадат на Савејците, далечен народ. Зашто Господ рече!”
9. Разгласете го ова меѓу народите: „Пригответе се за војна! Подигајте јунаци! Напред, нападнете, сите војници!
10. Прековете ги ралата во мечеви, срповите во копја, слабиот нека рече: ‘Јунак сум!’”
11. Побрзајте и дојдете, сите околни народи, и соберете се онаму! (Господи, испрати ги онаму Твоите јунаци).
12. „Станете народи, дојдете во Долината Јосафат, зашто таму ќе седнам да им судам на сите околни народи.