Јаков 3:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Зашто, секаков вид ѕверови и птици, лазачи и морски животни, се скротуваат и се скротени од човечкиот род,

8. но никој од луѓето не може да го скроти јазикот, немирно зло, полн со смртоносен отров.

9. Со него Го благословуваме нашиот Господ и Татко, и со него ги проколнуваме луѓето, кои се создадени според Божјо подобие.

10. Од истата уста излегува благослов и проклетство. Тоа не смее, браќа мои, да биде така.

Јаков 3