Јаков 2:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Сакаш ли пак да сознаеш, суетни човеку, дека верата без дела е мртва?

21. Нашиот татко Авраам не беше ли оправдан од делата, кога го принесе на жртвеникот својот син Исак?

22. Гледаш дека верата соработуваше со неговите дела, и дека верата преку делата стигна до совршенството.

23. И така се исполни Писмото, кое вели: „Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се засмета за правда, и се нарече Божји пријател.”

Јаков 2