11. Преку Мене ти се умножуваат деновите и ти се множат годините на животот.
12. Ако си мудар, за себе си мудар; ако бидеш потсмевач, самиот ќе поднесуваш.”
13. Безумната жена е немирна, проста е и не знае ништо.
14. Седи при вратата на својата куќа на столица, во градските височини,
15. па ги повикува оние, кои поминуваат по патот, кои одат право по своите патеки:
16. „Кој е неискусен, нека наврати ваму!” и на неразумниот му говори: