Изреки 9:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Мудроста си изгради дом и изделка седум столбови.

2. Ги искла своите животни, го измеша своето вино и го сложи својот стол.

3. Ги испрати своите слугинки да објават од градските височини:

4. „Кој е глупав, нека наврати ваму!” А на неразумните им говори:

5. „Дојдете, јадете од мојот леб и пијте вино, што го измешав;

Изреки 9