Изреки 7:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. во примрак, меѓу денот и вечерта, кога се спушта ноќната темнина.

10. И ете, го сретна жена, облечена како блудница и со измама во срцето.

11. Беше тврдоглава и разуздана, нејзините нозе не застануваа дома;

12. беше час на улиците, час на раскрсниците, и дебнеше при секој агол.

13. И го фати и го пољуби, и му рече, со безобразно лице:

14. „Бев должна да принесам помирителна жртва и денес го исполнив својот завет;

15. затоа ти излегов во пресрет, да те барам, и те најдов.

Изреки 7