Изреки 7:16-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Своето легло го послав со килими, со везени египетски покривачи;

17. својата постела ја намирисав со смирна, алој и канела.

18. Ајде да се ситиме со нежности до утрото и да се насладуваме во љубовта.

19. Зашто мојот маж не е дома, отиде на далечен пат;

20. зеде со себе ќесе со сребро, а ќе се врати дома одвај при полната месечина.”

21. Така го заведе со своето наговарање, го одвлече со своите мазни усни.

22. И тој тргна лудо по неа, како што волот оди на кланица и како што еленот, заплеткан во мрежата, чека

Изреки 7