Изреки 7:12-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. беше час на улиците, час на раскрсниците, и дебнеше при секој агол.

13. И го фати и го пољуби, и му рече, со безобразно лице:

14. „Бев должна да принесам помирителна жртва и денес го исполнив својот завет;

15. затоа ти излегов во пресрет, да те барам, и те најдов.

16. Своето легло го послав со килими, со везени египетски покривачи;

17. својата постела ја намирисав со смирна, алој и канела.

18. Ајде да се ситиме со нежности до утрото и да се насладуваме во љубовта.

Изреки 7