Изреки 5:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Зар надвор да се разлеваат твоите извори и водните потоци да течат по улиците?

17. Нека бидат тие само твои, а не и на туѓинците кои се покрај тебе.

18. Нека е благословен твојот извор, и радувај се со жената на својата младост,

19. нека ти е како мила срна и љубезлива кошута; нека те напојуваат нејзините гради во секое време, и нејзината љубов те восхитува непрекратно!

20. Па зошто сине мој би се занесувал по туѓа жена и би ги прегрнувал градите на туѓинката?

Изреки 5