Изреки 31:9-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Отворај ја својата уста, суди праведно, дај им ја правдата на бедниот и неволникот.

10. Кој ќе најде добродетелна жена? Таа вреди повеќе од бисери.

11. Мажовото срце се надева во неа, и не ќе му недостига печалба.

12. Таа му прави добро, а не зло, во сите дни на својот век.

13. Набавува волна и лен, и вешто работи со своите раце.

14. Таа е како трговски брод: оддалеку го донесува својот леб.

15. Таа станува уште во ноќта, ги храни своите домашни и им одредува работа на своите прислужнички.

16. Ако забележи нива ја купува; со плодот на своите раце сади лозје.

Изреки 31